Советот за безбедност на ОН ќе одржи седница поради случувањата во Конго

Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи седница зад затворени врати по повод претседателските избори во ДР Конго.

Римската католичка црква, која што испрати илјадници набљудувачи низ земјата, изјави дека според резултатите кој набљудувачите ги виделе, јасно е кој е победникот на изборите.

Таа ја повика изборната комисија да ги објави вистинските резултати за да се избегне политички немири.

Се уште ги очекуваме резултатите од гласањето.

Во нивниот извештај, католичките бискупи велат дека насекаде имало процедурални нерегуларности на денот на гласањето.

Изборите константно се одложуваа од 2016 година, кога и официјално заврши мандатот на претседателот Џозеф Кабила.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари