Солари останува во Реал Мадрид до 2021 година

Сантијаго Солари, аргентинскиот тренер кој ја врши функцијата шеф на стручниот штаб на Реал Мадрид, и официјално стана главен тренер на таа екипа.

Солари дојде на кормилото на Мадриѓаните по отпуштањето на Лопетеги, но се очекуваше дека да не се задржи долго на таа позиција.

Солари потпиша договор до 2021 година.

Аргентинецот доби доверба од челниците на клубот бидејќи во свјото мандат ги победи сите четири натпревари.

Реал беше принуден да реагира, бидејќи според шпанскиот закон, не е дозволено вршители на должност да останат без договор на клупа подолго од две недели, па морале да се одлучат или за Солари или за некој друг.

Поврзани

Најнови вести

Коментари