Ги пречекорила овластувањата...

Сменета романската специјална обвинителка Ковеши

Обвинителката од која стравуваше цела Романија, Лаура Кодруца Ковеши, повеќе не е на чело на Специјалното јавно обвинителство (ДНА). Романскиот претседател, Клаус Јоханис, потпиша указ за разрешување од функцијата на главната обвинителка против корупцијата, Лаура Ковеши, по решение на Уставниот суд од мај годинава.

„Одлуките на Уставниот суд треба да бидат почитувани во држава што го почитува владеењето на правото. Претседателот издаде указ за отстранување на главниот обвинител од функцијата", изјави портпаролката на претседателот, Мадалина Доброволски.

Ковеши, по указот на романскиот претседател Клаус Јоханис, со кој ја отстрани од раководната функција во Националната дирекција за борба со корупцијата (НДБК), на прес-конференција рече дека во моментов нема политичка волја за независно правосудство. Таа им порача на граѓаните дека корупцијата може да биде поразена.

„Корупцијата може да биде поразена, не откажувајте се", изјави таа на прес-конференцијата.

Двете „специјални" – Уставниот суд за Ковеши кажа дека ги надминала овластувањата
Министерот за правда, Тудорел Тодер, побара отстранување на Ковеши во февруари, велејќи дека ги надминала нејзините овластувања и го оштетила имиџот на земјата во странство. Неговото барање собра илјадници демонстранти на улиците, кои го кренаа гласот против корупцијата.

Ковеси е на чело на НДБК од 2013 година, а претходно беше јавен обвинител на Романија. Под нејзино раководство, НДБК достигна голем број осудителни пресуди за корупција на лица на високи државни функции и доби пофалби од ЕУ, која го набљудува романскиот правен систем Ковеши претставувајќи го годишниот извештај на почетокот на годинава, наведе дека лани пред судот се изведени 1.000 функционери под обвинение за корупција. Помеѓу нив има тројца министри, шест пратеници и поранешен претседател на парламентот.

Европската комисија и САД реагираа за отстранувањето на главниот обвинител на Националната дирекција за борба со корупцијата во Романија потенцирајќи дека државата треба да продолжи да се бори против корупцијата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари