Скандал во Швајцарија: Уапсени се неколку лица повезани со „комората за евтаназија“

24.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скандал во Швајцарија: Уапсени се неколку лица повезани со „комората за евтаназија“

Полицијата на северот на Швајцарија денеска соопшти дека се уапсени неколку лица и дека е отворена кривична постапка во врска со сомнителната смрт на едно лице во т.н. комора за самоубиство, или како што се нарекува „charco капсула“, која се користи за евтаназија.

Таканаречената капсула Сарко, комора за самоубиство која никогаш досега не била користена, е дизајнирана да му овозможи на лицето во затворен простор да притисне копче што го активира вбризгувањето на азотниот гас, од кој лицето набрзо заспива, а потоа за само неколку минути, умира од задушување, пренесува Еуроњуз.

„Обвинителите во кантонот Шафхаузен беа известени од адвокатска канцеларија дека во понеделникот во близина на шумска кабина во Мерсхаузен се случил потпомогнат самоубиствен чин со капсула Сарко“, соопшти полицијата.

Во соопштението се наведува дека се уапсени „неколку лица“ и дека обвинителството отворило истрага поради сомнение за поттикнување и соучесништво во самоубиство.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата