Систематски прегледи по смртта на второ дете во имиграцискиот притвор на САД

Еден ден по смртта на осумгодишното момче од Гватемала во американскиот притвор за мигранти, Агенцијата за царина и погранична заштита соопшти дека повторно ќе изврши систематски прегледи на сите деца во притоворот.

Агенцијата навела дека посебно внимание ќе се обрне на помалите деца од 10 години, пренесе АП.

Ова е втор смртен случај месецов, откако неодамна медиумите објавија дека починало девојче од истата земја. На момчето му било дијагностицирана настинка со висока температура. Детето истата вечер се вратило во болницата со мачнина и повраќање, а неколку часа потоа починало. Надлежните наведуваат дека причината за смртта на детето не е утврдена и дека се известени генералниот инспектор на Секретаријатот за внатрешна безбедност и Владата на Гватемала.

Седумгодишното девојче од Гватемала почина на почетокот на месецов откако ја уапсија агентите на граница. Нејзиното тело беше вратено на семејството во Гватемала.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари