Што најмногу ги плаши Американците?

Стравот забрзано расте кај Американците, со што оваа година на скала од 0 до 100 стигнаа е на 51 бод, покажува истраќувањето "Американска психијатриска асоцијација".

Спрема тие резултати, најголемо ниво на страв забележан е во пет области: здравје, безбедност, финансии, меѓучовечки односи и политика.

Пораст на страв забележан е во различни групи, независно од години, раса, етничка припадност и пол, но не се кај сите подеднакво присутни.

Младите лица "милениумците"- родени помеѓу 1980 и 2000 година – и понатаму имаат повеќе страв од постарите, односно генерацијата од 1961 до 1980 година

Исто така, жените повеќе стравуваат од мажите – 57 отсто во период помеѓу 18 и 49 години од животот имаат страв, додека тој процент кај мажите во истиот период изнесува 38 отсто.

Истражувањто покажува дека белците, во просек за 11 бодови се помалку склони на страв од останатите раси.

Во новата студија скоро 40 отсто испитаници признале дека сега повеќе стравуаат отколку пред едена година. Студијата покажува дека Американците особено се загрижени за здравјето, безбедноста и финансиите.
Најголем пораст од разни стравувања кај Американците заележан е во сверата на финансии. Се повеќе луѓе се загрижени дали ќе можат да скрпат крај со крај следниот месец.

Генерално, Американците најмногу ги мачи прашањето околу здравството и безбедноста. Дури 68 отсто од нив екстремно стравуваат, а само 24 отсто немаат такви проблеми.

Очекувано, животниот век на Афроамериканците и понатаму е четиригодини пократок од белиот американец, иако тоа е поправено од 1999 до 2017 година.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари