Шпанскиот премиер во проблеми, Каталонија ќе гласа против буџетот

Усвојувањето на буџетот за актуелниот шпански премиер, Педро Санчез, значи дека тој ќе може да го спроведе својот мандат до 2020 година, а во спротивно ќе биде под притисок да објави предвремени избори, објави агенцијата АП.

Голема пречка на овој пат за Санчез претставува ставот на Каталонија, чиј претседател Квим Тора денеска изјави дека покраината ќе гласа за буџетот само ако и биде дозволено да одржи референдум за отцепување од остатокот од земјата.

Тора за агенцијата АП изјавил дека каталонските сепаратистички партии ќе гласаат против буџетот, бидејќи во шпанската национална влада нема промени во однос на нивните барања.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари