САД ја понижија Русија среде Москва

САД размислуваат да воведат санкции за гасоводот „Северен тек 2“, рече американскиот министер за енергија, Рик Пери, по состанокот вчера со неговиот руски колега во Москва.

На прашањето од новинарите дали се можни санкции за руско-германскиот гасовод и рускиот енергетски сектор, Пери одговори „да”.

Рускиот и американскиот министер за енергетика Александар Новак и Рик Пери разговараа за спроведувањето на проектот „Северен тек 2″, каде што руската страна истакна дека ова е комерцијален проект, изјави рускиот министер за енергија, Александар Новак, по состанокот.

Рускиот министер рече дека Русија е загрижена поради изјавите на САД во врска со можните санкции против проектот за гасовод за кој се заинтересирани европските потрошувачи.

Источноевропските земји и САД се противат на гасоводот, тврдејќи дека ќе ја зголеми енергетската зависност на Европа од Русија. САД, исто така, сакаат да продадат повеќе од својот течен гас во Европа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари