САД издаде предупредување: Можни се лавини во Калифорнија, Невада и Јута

По силната бура која донесе обилни снежни врнежи, за неколку области во Калифорнија, Невада и Јута издадено е предупредување со можност за лавина.

Надлежните власти издадоа предупредување дека лавини се можни во областа на езерото Тахоу, кое се протега до планинскиот ланец Сијера долж линијата помеѓу Калифорнија и Невада.

Висината на снежната покривка во ова подрачје, на некои делови достигнува и до половина метар.

Предупредувањето е на сила од седум часот наутро, по локално време, пренесе „АП“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари