Руската црква: Порошенко го крши уставот на Украина

Со мешање во верските прашања, претседателот на земјата Петро Порошенко го крши уставот на Украина, изјави рускиот патријарх Кирил.

„Порошенко го крши уставот во својата земја, мешајќи се во верските прашања. Тој се обидува да ја контролира црквата, а потоа зборува за европскиот избор“, рече патријархот, пренесе „ТАСС“.

Патријархот Кирил оцени дека, доколку се случи случна ситуација во Русија, меѓународната заедница би реагирала многу остро. Според неговите зборови, настаните во Украина покажуваат дека главната цел на Порошенко е да остане на власт, а тешко е да се предвиди што ќе се случи со Украина и украинскиот народ, како резултат на неговата политика.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари