Русија ќе воведе повисоки казни за ширење лажни информации

Руската Државна Дума ќе гласа за неколку предлог-закони со кои ќе се заострат казните за оние што шират лажни информации на интернет или „изразуваат очигледно непочитување“ кон општеството и државните службеници.

Предложените закони всушност претставуваат измени на постојните закони против изразување непочитување на јавно место, кои тврдат дека и интернетот спаѓа во јавно место.

Првиот предлог-закон конкретно го споменува ширењето информации „во непристојна форма, изразувајќи очигледно непочитување“ за општеството, државните службеници, рускиот Устав и руските државни органи.

Ако споделените информации не содржат ништо што укажува на кривично дело, лицето може да биде казнето со парична казна до пет илјади рубљи или затвор до 15 дена.

Вториот предлог-закон се занимава со изворот на информации кои „изразуваат очигледно непочитување“ и предлага руските власти да имаат право да го блокираат или ограничат пристапот до такви страници на интернет.

Третиот предлог-закон предлага конкретни мерки против ширењето лажни вести на интернет.

Највисоката казна ќе изнесува до милион рубљи доколу споделените информации го загрозуваат животот на граѓаните или јавната безбедност.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари