Русија испраќа С-300 во Сирија, поради соборувањето на „Иљушин”

Русија ќе и го предаде модерниот систем за воздушна одбрана С-300 на Сирија во текот на следните две недели, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Овој систем е способен да пресретне средства за воздушен напад во опсег од повеќе од 250 км и истовремено да погоди неколку воздушни цели – рече тој.

Шојгу истакна дека, со оглед на високата ефикасност и брзина на оган, системот значително ќе ја зајакне борбената способност на сириската противвоздушна одбрана, а порталот РТ вели дека испораката на S-300 е дел од одговорот околу соборувањето на рускиот „Иљушин-20″.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари