Русија го предупреди НАТО: Ако ја засилите борбената готовност и ние ќе го направиме истото

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија го предупреди НАТО поради зајакнувањето на борбената готовност во Европа.

Поточно, Александар Грушко, изјави дека новиот план на НАТО за зајакнување на борбената готовност во Европа ќе влоши безбедноста на континентот, додавајќи дека Москва ќе го земе тоа предвид при разработувањето на своите воени планови.

Западните официјални претставници минатата недела најави дека САД вршат притисок врз европските сојузници да ангажираат повеќе баталјони на НАТО, бродови и авиони подготвени за борба, во рамки на најновите тенденции за способност за одврќање на руски напад од било каков тип.

Според „Интерфакс“, Грушко остро ја критикувал ваквата иницијатива и рекол дека Москва ќе ги преземе сите неопходни воени мерки за да ја гарантира својата безбедност.

Девет земји-членки на НАТО од источното крило на Алијансата неодамна се согласија да соработуваат поблиску со цел да се зголеми нивната безбедност во состојба, кога како што наведоа, агресивната Русија се заканува на нивната визија за слободна и мирна Европа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари