„Ројтерс“: Повеќе од десет руски борбени авиони пристигнаа на Крим

Повеќе од десет борбени авиони „Сухој СУ-27″ и „Сухој СУ-30″ пристигна на Крим, пишува „Ројтерс“ повикувајќи се наименуван извор.

Станува збор за руски воени авиони кои Москва ги распоредува со цел зајакнување на своите воздушни сили на Крим во момнти на зголемени тенззи со Украина, поради инцидентот со украинските бродови кај теснецот Керч.

Британската агенција вели дека авионите слетале во воздухопловната база „Белбек“.

Во ноември три украински воени брода заедно со нивниот екипаж беа заробени од страна на руските  безбедносни служби кај теснецот Керч. Русија ја обвини Украина дека станува збор за намерен инцидент и нарушување на руските теритроријални води. Украина ги отфрли обвинувањата.

Неколку дена по инцидентот дел од руските медиуми објавија видео снимки од украинските морнари на кои тие признаваат дека станувало збор за намерна провокација, но дел пак од светските медиуми објавија дека можеби станува збор за видеа кои биле снимени под присила и дека не треба целосно да се верува во нив.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари