Речиси половина Американци во семејството имаат некој што бил во затвор

Речиси половина Американци имаат близок член на семејството со затворска кариера, покажува нов извештај кој го оценува размерот на притвори во САД.

Студијата на Универзитетот Корнел и лоби групата FWD утврдила дека 113 милиони луѓе (45 отсто од возрасните Американци) имаат близок член на семејството кои минале најмалку еден ден во притвор или затвор.

Истражувањето било спроведено преку телефонска и онлајн анкета на национално репрезентативен примерок од околу 4.000 возрасни лица во текот на летото 2018 година.

Секој седми возрасен Американец има близок член на семејството кој во затвор одлежал барем една година, а секој 34. има член во семејството кој одлежал десет или повеќе години затвор.

Околу 6,5 милиони луѓе или секој 38-ми има близок член на семејството кој во моментов е во притвор или во затвор.

Во извештајот се забележува дека притворот, дури и краткорочен, предизвикува разни директни и индиректни штети и може да биде фатален по животот на луѓето поради ограничувањата за вработување и наоѓање на сместување по излегувањето. Губење на ваквите основните човекови права подоцна ја ограничува можноста за напредок на долг рок, по излегувањето од затвор, се наведува во студијата.

Според истражувањето, црнците имаат 50 отсто поголеми шанси од белците да имаат затворено близок член на семејство и трипати поглеми изгледи член на семејството да минал една или повеќе години во затвор.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари