ПУТИН: Нашите системи со децении ќе обезбедат рамнотежа во светот

Овие системи со децении ќе обезбедат глобална рамнотежа, изјави Владимир Путин говорејќи за новото руско оружје за кое што има само пофални зборови.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека новите руски оружја кои што се развиваат ќе обезбедат глобална рамнотежа „со децении", откако претходно за неколку нови руски оружја порача дека се убедливо најмоќните на светот.

Да потсетиме, Владимир Путин во март оваа година, во пресрет на претседателските избори во Русија, претстави низа на нови вооружени системи за кои што тврдеше дека во споредба со нив, капацитетите на НАТО Алијансата изгледаат „дотраени".

Сепак, аналитичарите не се согласуваат со ваквите тврдења на Путин, посебно не се согласуваат од САД со таквата проценка, но Путин барем е уверен дека новото руско оружје нема конкуренција во светот.

Сепак, реалноста говори нешто сосема друго - овие системи се уште се длабоко во развој, иако Путин на вчерашниот состанок со генералите во Сочи нагласи дека бројни нови системи се веќе оперативни и во состав на руската армија.

Исто така, рускиот претседател порача дека новите напредни системи „повеќекратно" ќе ја зголемат руската национална безбедност. Како и да е, Путин сепак смета дека останала уште работа да биде завршена кога станува збор за модернизацијата на нуклеарниот арсенал со кој што располага руската армија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари