Повеќе од 20 000 луѓе евакуирани поради пожарите во Калифорнија

Стотици пожарникари сеуште се борат против огнената стихија во Калифорнија.

Поради пожарите на кој со денови службите неможат да стават крај, досега се евакуирани повеќе од 20 000 луѓе во југоисточниот дел на Лос Анџелес.

Во областа покрај езерото Елсинор, гори сува трева, а силниот ветер дополнително ја отежнува работата на пожарникарите.

Калифорниските пожарникари пред само неколку дена посочија дека ова е најголемиот пожар во историјата на Калифорнија и се очекува да гори до крајот на месецов.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари