Повеќето Германци не се согласуваат со укинување на АфД- екстремната десница е во подем

20.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Повеќето Германци не се согласуваат со укинување на АфД- екстремната десница е во подем

Според анкетата спроведена од Институтот за истражување на јавното мислење во Аленсбах, две третини од испитаниците во источна Германија, 65 проценти, биле против забраната на партијата Алтернатива за Германија (AfD), во споредба со 49 проценти на западот од земјата.

Анкетата, спроведена за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, исто така покажала дека 67 проценти од западните Германци и 88 проценти од источните Германци имаат поддржувачи на AfD меѓу своите познаници, што се проценува дека имало влијание врз нивната поддршка за забраната на партијата, објавува денес „Велт“.

Додека 54 проценти од испитаниците ја класифицирале партијата како десничарска и екстремистичка, само пет проценти од поддржувачите кои ја познаваат или познаваат некого поврзан со партијата имале таков впечаток.

Според анкетата, во која биле анкетирани 1.054 лица од 4 до 16 јули, друга причина за негативниот став кон забраната на партијата е тоа што многу испитаници претпоставувале дека партиите кои се залагаат за забрана на АфД првенствено сакаат да се ослободат од конкуренцијата на овој начин.

Повиците за забрана на партијата AfD стануваат сè погласни откако Федералната канцеларија за заштита на Уставот ја класифицираше партијата како крајно десничарска и екстремистичка.

Федералниот уставен суд ќе мора да одлучи за забраната на партијата на барање на федералната влада, Бундестагот или Бундесратот. Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт досега ја отфрли забраната на AfD засега.

„Ова е фундаментално погрешен пристап“, изјави Добринт вчера за Welt TV.

Тој рече дека е „апсолутна заблуда“ да се верува дека може да се спроведуваат политики што водат до тоа радикалните партии да постигнат подобри изборни резултати со години, а потоа да се каже „сега едноставно мора да ги забраниме“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата