Погребан Џорџ Буш постариот, испратен од 2100 кадети

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш постариот е погребан во кампусот на Универзитетот „Еј енд Ем“ во Хјустон, Тексас, каде се наоѓа и неговата претседателска библиотека.

Вчера беше одржана приватна церемонија, на која присуствуваа членови на неговото семејство и со која се завршени активностите организирани во чест на починатиот претседател.

По церемонијата на последен поздрав во Капитол Хил и во Националната катедрала во Вашингтон, организирана е и церемонија за последен поздрав во црквата во Хјустон, која ја посетува неговото семејство.

Потоа, неговото тело е преземено на погреб во кампусот каде е погребан.

Пред одржувањето на последната, приватна погребна церемонија, колоната ја поздравија околу 2.100 кадети во униформа, распоредени на патот кој води кон гробиштата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари