Почвата од Фукушима се преместува во дворот на јапонскиот премиер за да докаже дека не е контаминирана

19.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почвата од Фукушима се преместува во дворот на јапонскиот премиер за да докаже дека не е контаминирана

Околу 20.000 кубни метри почва собрана за време на работата за деконтаминација во близина на нуклеарната централа Фукушима Даичи ќе биде распослана во слој дебел 60 сантиметри под тревникот на комплексот владини згради, соопшти Министерството за заштита на животната средина, објави Кјодо.

Почвата има ниска радиоактивност, која ќе биде покриена со дополнителен слој почва и постојано ќе се следи за нивоата на зрачење, пренесе Гардијан.

Ова е прв пат таква почва да се користи надвор од префектурата Фукушима. Владата се надева дека симболичниот чин ќе ја демонстрира безбедноста на користењето контаминирана почва со цел да се отстранат пречките за нејзина употреба низ целата земја - првенствено во инфраструктурни проекти.

Досега, ваквите планови се соочија со силен локален отпор, соопшти агенцијата. По нуклеарната катастрофа во 2011 година предизвикана од земјотрес и цунами, во Фукушима беа собрани вкупно 14,1 милиони кубни метри контаминирана почва.

Владата планира да ја премести почвата надвор од префектурата до март 2045 година. Според сегашните стандарди, почвата со радиоактивен цезиум под 8.000 бекерели на килограм може да се користи за градежни и инфраструктурни работи.

Во моментов, околу 75 проценти од складираната почва во Фукушима ги исполнува овие критериуми.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата