Пијана Ирка го плукнала пилотот на „Ер Индија“ зашто не ѝ дале алкохол

Видео кое стана вирално на социјалните мрежи покажува патничка од ирско потекло која го навредува екипажот на летот на “Ер Индија” за Лондон, наводно затоа што не ѝ давале повеќе алкохол, пренесува „Спутник“.

„Пијаната жена предизвика ужасна сцена на меѓународниот лет на „Ер Индија”, кога екипажот одлучи да не ја служи повеќе алкохол. Таа беше снимена на видео, тврдејќи дека е меѓународен адвокат и јасно се гледа дека го плука пилотот,” вели Амитаб Чудари.

Иако неклтурното однесување било сосема неоправдано и казниво, воздржаноста и смиреноста на екипажотизложен на ситуацијата е за пример.

„Ер Индија“ одби официјално да коментира или да го пофали екипажот за неговата професионалност. За жената се вели дека е уапсена набргу по слетувањето.

Видеата со несоодветното однесување на жената биле снимени од повеќе патници и се раширија на социјалните мрежи. Точниот редослед на настаните на летот останува нејасен, бидејќи „Ер Индија“ не го коментираше инцидентот.

Многу корисници на Твитер побараа на патничката да ѝ биде забрането патувањето со авион.

 

 

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари