Париз се подготвува за нови протести

Силни безбедносни мерки ќе го затворат утре центарот на Париз поради обидот на француските власти да спречат ново насилство на антивладините протести.

Покрај 8 000 полицајци, кои ќе бидат на улиците на престолнината, началникот на париската полиција идентификуваше 14 реони од висок ризик кои ќе бидат испразнети, меѓу нив и авенијата Шанзелизе.

Полицијата од овие делови ќе отстранети се што би можело да биде искористено за време на нередите. Ширум земјата ќе бидат ангажирани речиси 89 000 полицајци, за разлика од минатиот викенд кога беа распоредени 65 000, при што беа повредени повеќе од 130 лица, а уапсени над 400.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари