Папата се молеше за жртвите во Египет

Папата Франциско денеска се молеше за жртвите од експлозијата на бомби во Египет. Тој во телеграма која ја испрати до египетскиот претседател, порача дека длабоко жали поради нападот што се случи во близина на пирамидите во Гиза.

Вчера во напад на автобус со виетнамски туристи во Гиза, беа убиени двајца туристи, а 12 повредени.

Египет веќе неколку години се бори со исламските екстремисти на Синајскиот Полуостров, чија побуна повремено се прелева и на остатокот од египетската територија, при што жртви се претежно припадници на малцинската христијанска заедница и туристи.

Ова е прв напад врз странски туристи во Египет по речиси две години.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари