Откажани голем број летови од руските аеродроми

Поради обилните врнежи од снег повеќе од 40 летови беа одложени, додека 16 беа целосно откажани на московските аеродроми „Внуково“, „Домодедово“ и „Шереметево“.

Како што објави ТАСС, метеоролозите најавиле снежни врнежи во регионот на Москва и во текот на ноќта.

Ова не е прв пат неделва да се откажат или одложат летови. Пред само неколку дена голем број летови исто така беа откажани поради снежните врнежи.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари