Опозициската партија во Јужна Африка го поддржува лидерот вмешан во корупциски скандал

Лидерот на јужноафриканската опозициска партија Борци за економска слобода (ЕФФ) му даде поддршка на неговиот заменик Флојд Шивамбу, кој беше вмешан во банкарски корупциски скандал.

Малема за медиумите во Јоханесбург изјави дека ЕФФ има целосна доверба во Шивамбу.

„Заменик претседателот ја има поддршката од партијата. Ние немаме причина да се сомневаме. ЕФФ не е воопшто наведена во извештајот,“ изјави Малема.

Шивамбу, долгогодишниот сопартиец на Малема, е обвинет за примање поткуп од неговиот брат Брајан Шивамбу во висина од 700.000 долари.

Флојд Шивамбу ги отфрли овие обвиненија нарекувајќи ги „чиста лудост.“

Извештајот, кој беше изготвен од страна на Јужноафриканската централна банка, го наведе Брајан Шивамбу како еден од луѓето кои примиле пари од пропаднатата банка.

Форензичкиот извештај за пропаднатата ВБС Мјутуал вели дека околу 140 милиони долари биле украдени.

Малема објасни како партијата заклучила дека заменик-претседателот е невин.

„Ги погледнавме неговите финансиски изводи и не можеме да лоцираме пари од ВБС. Ние побаравме изводи дури од 2014 година и задоволни сме од заклучокот.“

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари