Изборната комисија наведе дека гласале повеќе од 12 милиони луѓе од нешто повеќе од 21 милион регистрирани гласачи.
Овој неочекувано висок одѕив претставува нагло зголемување во споредба со историски ниските 41 процент од 2021 година, особено затоа што шиитскиот лидер Муктада ел Садр, чиј движење освои најмногу места на претходните парламентарни избори, овојпат повика на бојкот на гласањето.
Граѓаните на Ирак вчера гласаа на парламентарни избори што беа обележани со строги безбедносни мерки и бојкот на еден од главните политички блокови во земјата.
Изборите се одржаа во момент кога САД го зголемуваат притисокот врз владата во Багдад да го ограничи влијанието на вооружените групи поврзани со Иран, од кои некои имаа и свои кандидати на изборите.
Актуелниот премиер Мохамед Шиа ел Судани се кандидираше за втор мандат.
Изборите ги бојкотираше популарното шиитско движење Садристи, предводено од влијателниот свештеник Муктада ел Садр. Неговата коалиција освои најмногу места во парламентот на изборите во 2021 година, но се повлече по неуспешните преговори за формирање влада поради судири со ривалските партии.

