Од австриските затвори побегнале 47 затвореници

Од јануари до октомври минатата година, 180 затвореници се обиделе да избегаат од австриските затвори, а 47 успеале да побегнат, рече министерот за правда, Јозеф Мозер, одговарајќи на пратеничко прашање.

Ова практично значи дека бројот на затвореници кои успеале да избегаат е значително зголемен во споредба со претходните години.

Имено, уште во 2016 година, 22 затвореници успеале да избегаат од австриските затвори, а во 2017 – 31 затвореник.

Од партијата „Неос“ во врска со ова прашање истакнакле дека владата постојано зборува за безбедноста, бидејќи на тој начин може да се разгори стравот кај населениeто, но од друга страна, одговорните не прават ништо за да спречи изворот на ваквиот страв.

Од партијата бараат да се зголеми бројот на судски персонал, како и поголеми ресурси за ресоцијализација и социјализација во затворите.

Инаку, најголем број на обиди за бегство односно 19, се забележани во виенскиот затвор „Симринг“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари