Никој не ја преживеа авионската несреќа во Тихиот Океан во близина на Сан Диего

10.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Никој не ја преживеа авионската несреќа во Тихиот Океан во близина на Сан Диего

Остатоци од авионот завршија на дното на Тихиот Океан на длабочина од 60 метри, а пилотот упати последен повик за помош до контролата на летање пред да се сруши.

Службениците на Федералната администрација за воздухопловство потврдија дека станува збор за двомоторен „Цесна 414“ со шест лица во него.

Авионот полетал од Сан Диего и се враќал во Феникс, Аризона. Летал за Калифорнија само еден ден претходно.

Екипите за пребарување ги открија остатоците од авионот на околу пет милји од брегот подоцна истиот ден, но продолжија да бараат преживеани.

ФАА подоцна соопшти дека никој не ја преживеал авионската несреќа. Сè уште не се идентификувани жртви.

Пилотот упати последен, вознемирувачки повик до контролата на летање пред несреќата. Тој се бореше да го одржи правецот и да се искачи додека авионот се сврти двапати кон брегот.

Авионот беше само 300 метри над водата кога контролорот го повика пилотот да се искачи на 1.200 метри, соопшти КТАР.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата