Нетанјаху во ОН: Мојата земја се бори за живот

27.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нетанјаху во ОН: Мојата земја се бори за живот

Како што додаде, откако слушнал „лаги и клевети“ од ОН, сепак дошол да ја каже вистината и да се пресмета, објави „Тајмс оф Израел“.

„Израел бара мир, Израел копнее по мир, Израел создаде мир и ќе го врати“, рече Нетанјаху.

Тој додаде дека, и покрај тоа, Израел е соочен со сурови непријатели кои сакаат негово уништување и предупреди дека тие исто така сакаат да ја уништат цивилизацијата.

„Мојата земја е во војна, се бори за својот живот. Мораме да се браниме од суровите убијци. Нашите непријатели не сакаат да уништат само нас, туку и нашата заедничка цивилизација, како и да не вратат сите во мрачното доба на тиранијата и терор“, рече израелскиот премиер, пренесе Ројтерс.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата