Надзорникот Џон Лавлес вели: „Во рок од осум минути од упатениот повик на 999, двајца мажи беа приведени.
„Станува збор за 32-годишен маж, црн британски државјанин, и 35-годишен маж, британски државјанин со карипско потекло.“
Тој додава дека двајцата се родени во Велика Британија и двајцата биле уапсени под сомнение за обид за убиство.
Од деветте лица за кои се смета дека имаат повреди опасни по живот, четворица се пуштени дома , а двајца се уште се во животозагрозувачка состојба.
Надзорникот Лавлес додава: „Во оваа фаза, нема ништо што укажува дека ова е терористички инцидент. Ова е истрага на Британската транспортна полиција и ние продолжуваме да работиме на брзо утврдување на сите околности и мотивации што доведоа до овој инцидент.“
Скај Њуз објавува дополнителни детали со ВИДЕО од прес конференцијата:
• Се очекува возовите да поминуваат низ станицата Хантингдон.
• Полицајците ќе бидат поприсутни „ низ транспортната мрежа“.
• Додека десет патници беа однесени во болница по нападот, уште едно лице само отишло во болница подоцна синоќа.
• И секој што има информации се моли да контактира со Британската транспортна полиција.
Прес-конференцијата заврши без началникот Лавлес да одговори на какви било прашања.

