Насилни избори во Бангладеш – има загинати луѓе, а властите го исклучија интернетот

Најмалку седум луѓе се убиени во судири во Бангладеш, за време на изборите во земјата во која предизборната кампања ја одбележаа насилства.

Како што пренесува Би-би-си, властите во земјата наредиле гаснење на интернетот се до затворањето на гласачките места, за да се спречи можно ширење на гласини кои би предизвикале немири.

Се очекува актуелната премиерка Шеик Хасина да освои трет мандат по ред.

Партијата Лига Авами, на премиерката Шеик е на лидерската позиција во Бангладеш од 2009 година.

Нејзината долгогодишна соперничка, членка на опозицијата, Халеда Зиа, заврши во затвор поради обвинение за корупција, поради што ѝ е оневозможено да учествува на изборите, за што вели дека е политички мотивирана одлука.

Неколку минути пред отворањето на гласачките места, дописникот на Би-би-си, забележал полнење на гласачките кутии во градот Читагонг. Изборниот претставник одбил да го коментира случајот.

Повеќе од 100 милиони луше имаат право на глас, но досегашните извештаи покажуваат мал одѕив на изборите, кои ги обезбедуваат околу 600 илјади припадници на безбедносните сили. .

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари