Напаѓачот од Мелбурн ѝ бил познат на полицијата, ИД презеде одговорност

За напаѓачот кој рани со нож три лица од кои едно почина во центарот на Мелбурн, полицијата и претходно имала сознанија, соопштија властите во Австралија.

Мажот со сомалиско порекло, пред да биде застрелан од страна на полициските службеници запали камионет, а потоа избоде три лица. Полицијата вели дека тој бил инспириран од „Исламска држава“, но не е директно поврзан со групата, пренесе „Ројтерс“.

Полицијата го идентификуваше како Хасан Калиф Шире Алија, кој по пат на пропаганда бил радикализиран.

Како што се наведува тој во 2015 година планирал да замине во Сирија, но било проценето дека не претставува опасност по државната безбедност.

„Исламска држава“ презеде одговорност за нападот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари