Најмалку осуммина повредени во терористички напад во Израел (ВИДЕО)

27.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку осуммина повредени во терористички напад во Израел (ВИДЕО)

Израелската полиција потврди дека инцидентот се истражува како терористички напад.

Според МДА, околу 16:18 часот по локално време возило влетало во пешаци при што биле повредени осум лица, од кои две се во тешка состојба. Портпаролот на МДА, Заки Хелер, изјави за КАН дека меѓу повредените има пет мажи и три жени, на возраст меѓу 20 и 70 години, пишува Jerusalem Post.

Израелските медиуми јавија дека двајца полицајци се избодени со нож на местото на настанот, на раскрсницата Каркур.

Возачот на возилото, според КАН, побегнал од местото, но набрзо бил уапсен во близина на Ган Шмуел.

„Според првичните информации, уапсениот од полицијата е извршител на нападот“, соопштија од полицијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата