Во нападот е уништена осумкатница, а многумина загинаа и се повредени, јави либанската национална новинска агенција.
Снимките што ги емитуваше либанската телевизија Ал Џадед покажуваат дека е уништена најмалку една зграда, а неколку други тешко се оштетени во близина.
Во нападот, Израел користел бомби за да го уништи бункерот, кој оставил длабок кратер, наведува агенцијата.
Експлозиите го потресоа главниот град околу 4 часот наутро.
Безбедносни извори наведуваат дека во нападот биле употребени најмалку четири бомби.
Ова е четврти израелски воздушен напад оваа недела врз центарот на Бејрут.
Повеќето од израелските напади врз Бејрут беа насочени кон јужните предградија под контрола на Хезболах.
Претставник на медиумите на Хезболах беше убиен во израелски воздушен напад во неделата во населбата Рас Ал Наба во центарот на Бејрут.
Спасувачите ги пребаруваа урнатините во дел од градот познат по историски градби.Во септември, Израел започна голема офанзива против Хезболах во Либан, по речиси една година конфликт предизвикан од војната во Газа.
Како дел од војната против Хезболах, Израел испрати војници во јужен Либан.