Нагасаки одбележува 73 години од атомското бомбардирање

Во јапонскиот град Нагасаки, денеска се одбележува 73-годишнината откако американските воздухопловни сили фрлија атомска бомба во градот, при што загинаа 74.000 луѓе.

Американската авијација фрли атомска бомба во Нагасаки три дена откако првата бомба беше фрлена во Хирошима, иако Јапонија понуди капитулација пред нападот врз Хирошима.

На одбележувањето на 73 годишнината од атомското бомбардирање над Хирошима, јапонските власти повикаа на итна елиминација на нуклеарното оружје, и тоа во време кога светот се надева на целосна денуклеаризација на Северна Кореја.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари