Над 60 загинати во САД во ураганот „Хелен“, најмногу жртви поради паднати стебла (ВИДЕО)

29.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Над 60 загинати во САД во ураганот „Хелен“, најмногу жртви поради паднати стебла (ВИДЕО)

Најмалку 60 луѓе ги загубија животите во невремето, соопштија државните и локалните власти во Јужна Каролина, Флорида, Џорџија, Северна Каролина и Вирџинија. Се стравува дека бројот на загинати може да биде поголем, објави Си-Ен-Ен.

Осигурителните компании и прогнозерите ја проценуваат штетата предизвикана од ураганот Хелен за време на викендот помеѓу 15 и повеќе од 100 милијарди долари. По целосната проценка на штетата на имотот, податоците ќе бидат попрецизни.

Администраторката на Федералната агенција за управување со вонредни состојби, Дин Крисвел, денеска изјави дека е забележана голема штета на водоводните и комуникациските системи и на критичните сообраќајни правци.

Крисвел, гостинка во емисијата „Соочи се со нацијата“ на Си-Би-Ес, рече дека американската влада има доволно ресурси и може успешно да се справи со последиците од катастрофата, но посочи дека закрепнувањето ќе биде тешко.

Во погодените подрачја е испратена флаширана вода, а инженерскиот корпус на Армијата ќе започне со проценка на штетите на водоводните системи со цел што поскоро да бидат оперативни.

„Обновувањето може да биде доста комплицирано. Во овие пет држави, различните поправки и општото опоравувањето ќе бидат многу комплицирани“, рече Крисвел, додавајќи дека приближно 2,7 милиони корисници денеска останале без струја.

Најобилните врнежи ја погодија западната Северна Каролина, со речиси 76 сантиметри дожд во округот Јанси, објави Метеоролошкиот центар на Националната метеоролошка служба. Јужна Каролина има најголем број жртви. Локалните власти известуваат за 24 смртни случаи. Многумина загинале кога врз нив паднале дрвја.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата