Над 20 загианти во пожар во маркет во Мексико (ВИДЕО)

2.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Над 20 загианти во пожар во маркет во Мексико (ВИДЕО)

„Моето искрено сочувство до семејствата и најблиските на оние што ги загубија животите“, напиша претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум на платформата X, без да го прецизира точниот број на загинати во пожарот во северозападната држава Сонора.

Таа додаде дека му наложила на министерот за внатрешни работи да испрати екипи за да им помогнат на семејствата на жртвите и повредените, пренесува Ројтерс.

Градоначалникот на Хермосиљо, град со околу 855 илјади жители, потврди на X дека бројот на жртви е голем. Локалниот шеф на противпожарната служба објави дека причината за пожарот сè уште е непозната.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата