Москва не верува дека Скрипал е жив

Русија нема никакви податоци дека после инцидентот во Солзбери нема жртви. Сергеј Скрипал никој го нема видено, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„Не знаеме ништо во врска со Солзбери. Дали имате податоци дека таму никој не загинал? Ние немаме. Еднаш на телевизија ја видовме Јулија Скрипал, еднаш за период од нешто повеќе од половина година, попатно појавување пред камера, при што дури не ни знаеме кој ја снимал и кој ѝ го пишувал текстот. А Сергеј Скрипал не сме го виделе. Немаме никакви информации за судбината на Сергеј Скрипал“, рече Захарова на редовниот брифинг со новинари.

Скрипал и неговата ќерка Јулија на 4 март во Солзбери во јужна Англија беа отруени, а инцидентот предизвика меѓународен скандал. Лондон тврди дека Русија е вмешана во труењето. Москва категорично ги отфрли обвинувањата. Истрагата ја води антитерористичката единица на Скотланд јард.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари