Морето исфрла необични пакети, полни со кетамин, властите во Сеул алрмирани: Тука има и деца

14.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Морето исфрла необични пакети, полни со кетамин, властите во Сеул алрмирани: Тука има и деца

Властите велат дека брановите исфрлаат мали, уредно спакувани кесички кои на прв поглед изгледаат како обични, евтини пакувања кинески чај. Сепак, локалното население добро знае дека внатре нема ништо скриено што може да се зготви.

Предупредувања по должината на брегот

Од септември, мистериозни пакети почнаа да се појавуваат по должината на брегот, предизвикувајќи ја љубопитноста кај локалното население, а потоа и алармот кај локалните власти. Нивниот број се зголеми со текот на времето, а тие беа откриени на најмалку осум локации.

Властите реагираа брзо, бидејќи беше откриено дека содржат кетамин. Крајбрежната стража формираше посебен тим, беа поставени предупредувања по должината на брегот, а на жителите им беше советувано да не допираат ништо што морето исфрла. Упатствата се јасни: пријавете сè на властите и држете се настрана.

„Често ги носам моите деца тука. Овие работи навистина нè плашат“, рече Ким, жител кој гледаше како војската, полицијата и волонтерите ја пребаруваат крајбрежјето за пакетите оваа недела.

„Чешлање“ на секој сантиметар од брегот

Најголемото откритие се случи на 15 октомври, кога работник за чистење на плажа на јужната страна од островот пронајде цел контингент пакети - уредно наредени и обележани со еден кинески знак. Тоа беше најголемото такво откритие за два месеци.

И како што пакетите продолжуваат да се појавуваат на сè повеќе локации, бројот на луѓе вклучени во потрагата расте. Повеќе од 800 луѓе беа распоредени по должината на северниот брег на градот Чеџу оваа недела, „чешлајќи“ го секој сантиметар од брегот.

Истрагата сега се движи во неколку насоки. Една работна хипотеза е дека океанските струи би можеле да носат вакви пакети од други делови од регионот, особено затоа што слични појави се регистрирани и покрај брегот на Поханг, како и на јапонскиот остров Цушима.

„Дел од многу поголем систем...“

Втората, многу поопасна, е за организираниот криминал, објавува Би-Би-Си.

Според професорот Џун Хјунг-хи, експерт за дрога, пакетите би можеле да бидат дел од софистицирана рута позната како „достава по море“. Ова е практика на пуштање пакети со GPS уреди на отворено море, а потоа да бидат подигнати од некој што може да го следи сигналот.

„Ова можеби не е случајност. Изгледа како дел од многу поголем систем“, вели професорот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата