Таа и Хесус Едуардо Севериано Гарсија биле заробени во својот автомобил по челен судир со камион што доаѓал од спротивната насока во петокот попладне.
Кога екипите за итни случаи пристигнаа на местото на настанот, тие можеле само да ја потврдат смртта на двојката.
Алисон, која трагично починала, беше крунисана за Мис Теокалтиче 2025 само осум дена претходно, на 30 октомври. Теокалтиче е општина во мексиканската држава Халиско.
За време на изборот,мисицата ја изрази својата љубов кон својот роден град, како што објави Сан.
„Денес сакам да ви кажам дека вистинската убавина не се мери со круни или фустани, туку со способноста да се гледаат другите со почит и љубов“, рече тогаш кралицата на убавината.
Алисон студирала психологија и образование на Универзитетскиот центар Лос Алтос, дел од Универзитетот во Гвадалахара, и локалните медиуми ја опишаа како посветена студентка.
- Изразуваме искрено сочувство до нејзиното семејство и пријателите, - се вели во соопштението на нејзиниот универзитет.
Властите на Теокалтик, исто така, ѝ оддадоа почит: „Таа не само што плени со својата убавина - таа се покажа и како извонредна млада жена со силни вредности. Нејзиното наследство остава траен белег на радост, љубезност и посветеност, што ја прави вистински извор на гордост.“
Иако Алисон не беше многу активна на социјалните медиуми, таа имаше повеќе од 5.000 следбеници на Инстаграм.
На нејзината последна објава, објавена во четврток (6 ноември), се гледа како носи црна шапка и кафеава маица. Точната причина за несреќата на автопатот Халостотитлан-Теокалтик во Мексико сè уште не е утврдена. Канцеларијата на државниот обвинител на Халиско започна истрага за да утврди што се случило.

