МКС осуди на 20 години затвор поранешен лидер на суданска милиција за масовни убиства во Дарфур

9.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МКС осуди на 20 години затвор поранешен лидер на суданска милиција за масовни убиства во Дарфур

При изрекувањето на пресудата, претседавачката судијка Џоана Корнер денеска изјави дека Али Мухамед Али Абд-ал-Рахман е одговорен за злосторства од „незамислива суровост“.

Судиите во октомври го прогласија за виновен за воени злосторства и злосторства против човештвото. Злосторствата вклучуваат убиства, силувања и мачења. Ова е прва пресуда на Меѓународниот кривичен суд за злосторствата во Дарфур.

Судот утврди дека обвинетиот, познат и како Али Кушејб, бил еден од најважните водачи на милиција Џанџавид, поддржана од Владата, која се смета за одговорна за убиства на околу 300.000 луѓе во регионот Дарфур меѓу 2003 и 2006 година.

Казната е пократка бидејќи Абд-ал-Рахман доброволно се предал во 2020 година и поради неговата возраст од 76 години, пренесува ДПА.

Времето поминато во притвор ќе му се одбие од казната. Сè уште не е познато во која земја ќе ја отслужува затворската казна.

Абд-ал-Рахман ги негираше сите обвинувања.

Бројни сведоци за време на судењето го идентификуваа и детално ги опишаа масовните убиства, мачењата, силувањата и грабежите.

Граѓанската војна во јужен Судан избувна пред околу 20 години. Советот за безбедност на ОН му го довери на Меѓународниот кривичен суд гонењето на масакрите во Дарфур. Досега, ова е единственото судење. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата