Миранда од „Сексот и градот“ поразена во трката за гувернер на Њујорк

Актуелниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, се избори за номинација за кандидат на Демократската партија за гувернер на оваа американска држава.

Неговиот противник беше Синтија Никсон, позната по нејзината улога како Миранда Хобс во серијата „Сексот и градот“, според АП.

Спроти изборите, Куомо водеше во анкетите и трошеше, според агенцијата, осум пати повеќе пари од Никсон за време на неговата кампања.

АП проценува дека ова му го отвори патот до третиот мандат на гувернер на Њујорк.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари