Меркел: Ние сакаме добри заемни односи, но тоа зависи и од Лондон

Германската канцеларка, Ангела Меркел, се заложи за блиски односи меѓу ЕУ и Велика Британија по Брегзит.

Таа додаде дека сојузниците во иднина треба тесно да соработуваат во врска со прашања од безбедноста и одбраната.

„Ние сакаме добри и сигурни врски со Британија. Сакаме тесна соработка во областа на безбедносната и одбранбената политика и сакаме соработка помеѓу 27. земји-членки на ЕУ и Велика Британија“, рече Меркел на прес-конференција во Вилнус, а објави „Ројтерс“.

Но, додала таа, од Британија зависи како сака да ги дефинира односите со Европската унија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари