Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде безбедносна гаранција

27.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде безбедносна гаранција

„Ова е најефективниот начин да се спречи нова руска инвазија. Праведен и траен мир во Украина е невозможен доколку на Киев не му се дадат гаранции дека Русија нема повторно да ја нападне земјата“, рече Мелони по средбата со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Рим.

„Мора да се направат напори за да се постават темелите за праведен и траен мир во Украина, што ќе биде возможно само доколку на Киев му се обезбедат соодветни безбедносни гаранции. Ова би спречило повторување на вакви настани и европските нации кои се чувствуваат загрозени би можеле да бидат безбедни“, додаде Мелони.

Таа нагласи и дека безбедносните гаранции за Украина треба да се спроведуваат во рамките на НАТО.

„Верувам дека ова е најдобрата структура за да се гарантира мир кој нема да биде ниту кревок ниту привремен, за да нема ризик Европа да западне повторно во драмата на војната. Другите решенија ми се чинат покомплицирани и, искрено, помалку ефективни“, заклучи Мелони. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата