Меј испраќа министри да го промовираат договорот за брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, назначи 30 членови на владата, ширум земјата за да придобијат поддршка за договорот со Брисел за брегзитот.

Министерот за финансии, Филип Хамонд и министерот за здравство, Мет Хенкок се дел од министрите кои ќе се обратат во повеќе делови од Велика Британија за да ја придобијат поддршката од народот и да извршат притисок врз пратениците за одобрување на договорот.

Меј рече е важно министрите да разговараат со заедницата и да објаснат како договорот за брегзит им оди во корист.

Британскиот парлалемнт за договорот би требало да гласа во вторник.

Премиерката ги отфрли повиците  да го одложи гласањето по најавите дека веројатно нема да заврши успешно.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари