Маж со автомобил влетал меѓу луѓе во Франција, повредени две лица

Полицијата во градот Нима во јужниот дел на Франција уапсила маж осомничен дека се обидел да изврши убиство, влетувајќи со автомобилот во толпа луѓе, при што полесно се повредени две лица.

Како што се наведува, портпаролката на полицијата соопштила дека автомобилот е запрен со барикада на патот во градот, во кој, викендов се одржува традиционален годишен фестивал по повод берба на лозје.

Мажот е уапсен по инцидентот, што се случил околу 1.30 часот по полноќ.

Портпаролката на полицијата изјавила дека нема податоци за идентитетот на уапсениот, ниту за мотивите, но додала дека истарагата е во тек од страна на редовната полиција, а не од антитерористичките истражители кои се вклучуваат кога постои сомнеж за тероризам.

Локалниот весник „Миди либр“ објави дека минувачи го запреле осомничениот, кој имал триесетина години.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари