Маж избоден со нож во кино сала во Полска

Во кино во трговски центар во Полска за време на прикажување на детски филм бил убиен маж во кино салата, пренесуваат полските медиуми.

Телевизијата Н24 објави дека нападот се случил во градот Шчеќин, кога напаѓачот избодел двајца мажи со нож.

Портпаролката на полицијата потврди дека еден од двајцата мажи починал, објави АП.
Напаѓачот е веднаш уапсен, но мотивот на нападот не е познат.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари