Масакр во училиште во Австрија: Најмалку 5 загинати, сирени одекнуваат низ градот (ВИДЕО)

10.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Масакр во училиште во Австрија: Најмалку 5 загинати, сирени одекнуваат низ градот (ВИДЕО)

Во Грац, Австрија моментално е во тек голема полициска операција, а според информации од Кроне, во училиште се случил вооружен напад.

Според полицијата, полицајци влегле во училиштето околу 10 часот наутро откако се слушнале истрели.

Кобрите се исто така на местото на настанот, а првите снимки од ужасот се појавија на социјалните мрежи.

На нив се гледа голем број амбулантни возила и полициски возила кои брзаат кон местото на злосторството. Низ градот се слушаат сирени

Според австриските медиуми, напаѓачот наводно се заклучил во тоалет и извршил самоубиство. Полицијата сè уште не потврдила дали напаѓачот е мртов.

Полицијата апелираше до јавноста да ги следи упатствата на властите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата