Мајка и ќерка со гатање измамиле луѓе за 46 милиони долари: Им ветувале богати младоженци

13.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мајка и ќерка со гатање измамиле луѓе за 46 милиони долари: Им ветувале богати младоженци

Мајката (53) и нејзината ќерка (25) беа уапсени во луксузното предградие Довер Хајтс во Сиднеј, објави Би-Би-Си.

Полицијата вели дека постарата жена, претставувајќи се како гатачка и мајстор за фенг шуи, им гатала на жртвите да земат кредити, од кои дел ќе ги задржи, ветувајќи им дека „младоженец милијардер наскоро ќе им ја промени судбината“.

Финансиски документи, луксузни чанти, мобилни телефони, чипови за казино и златна прачка од 40 грама, вредна околу 6.500 долари, биле запленети за време на рацијата во нивната мултимилионска вила.

Полицијата, исто така, замрзнала средства во вредност од 15 милиони долари, покрај 60 милиони долари што веќе биле блокирани во претходните фази од истрагата.

Мајката се соочува со 39 обвиненија, вклучувајќи водење криминална група и добивање финансиска корист преку измама, додека ќерката е обвинета за седум кривични дела.

Судот одби да ја ослободи мајката со кауција, додека ќерката е привремено ослободена до рочиштето закажано за јануари.

Според „Сиднеј морнинг хералд“, мајката и ќерката се поврзани со таканаречениот синдикат на пентхаус, чиј наводен водач живеел во луксузен стан вреден неколку милиони долари во Сиднеј.

Полицијата верува дека во операцијата биле вклучени и корумпирани банкарски службеници, кои одобрувале кредити за синдикатот да може да купува и продава недвижности во Сиднеј.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата