Мeј и Јункер размениле остри зборови во Брисел

Британската премиерка Тереза Меj изјави дека за време на самитот на ЕУ, таа разменила  „остри“ зборови со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во врска со неговата употреба на зборот „небулозен”, кој, како што некои сугерираа, бил наменет за да ги опише нејзините расмислувања.

Во соопштението кое се однесуваше на преговорите за брегзит, Јункер ја критикуваше дебата за напуштање на ЕУ од страна на Велика Британија, велејќи дека тоа повремено е „небулозно и непрецизно”, објави АП.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари